Нутриционизам

ЗДРАВАТА ХРАНА КАКО ЛЕК

Влегуваме во нова ера, ера во која поголем број луѓе ке уживаат во најздравиот начин на исхрана, ера во која повеќе ќе преземаме одговорност за сопственото здравје затоа што согледуваме дека единствено така може да се оствари живот исполнет со здравје и енергија.Акцентот ќе биде ставен на уживањето во производи кои го поттикнуваат здравјето и кои играат важна улога во одржувањето на максималната функционалност на нашето тело и ум. Денес знаеме дека здравјето, постигнувањето на идеална телесна тежина и витална старост не се последица на чиста среќа и само на генетските предиспозиции.

Имено, секогаш кога јадеме, можеме да ги оптимизираме сопствените генетски потенцијали за здравје. Знаеме која порака ја испраќа одреден производ така што веднаш можеме да почнеме со ослободувањето на сопствените генетски потенцијали за оптимално здрвје.Нашироко во светот се дава значење на нутрицијата како алтернативен начин на лекување. Курсевите за нутриција ги посетуваат медицински сестри, физиотерапевти и доктори, фармацевти, ветеринари, агрономи, технолози, биолози и др. факултетски образовани луѓе. Целта на ова наше излагање е да ја прикажеме улогата на здравата храна и нејзиното место во третманот и превенцијата на многу болести.Nutricija1Постојат околу 100 производи од толку многу кои можат да бидат достапни на секој континент и на секој жител, кои не се егзотични и тешко достапни, туку се наоѓаат во нашата околина , во сезоната на созревање. Овие продукти го снабдуват организмот стопроцентно со витамини, минерали, антиоксиданси и други хранливи материи, кои секој ден ни се потребни, а истовремено и се вкусни.Истражувачките студии потврдуваат дека исхраната составена од разни хранливи материи е најдобар начин за постигнување оптимално здравје и намалување на опасноста од болести. Производите се испитувани интегрално и селективно.Така, се знае дека блитвата која има доста калциум е делотворна за коските, омега-3 масните киселини од рибите и семките од лен го поттикнуваат здравјето на кожата, доматите богати со ликопен го поттикнуваат здравјето на машкиот репродуктивен орган, а лукот го одржува нормалното ниво на холестерол.Се мисли дека постојат над 40 000 фитонутриенти кои имаат потенцијал со синергистичко дејство да го поттикнуваат здравјето. Иако сеуште не се знаат нивните специфични функции (но пред 100 год, не се знаеше ни функцијата на витамините), знаеме дека ако ги вклучиме во исхраната ќе ги имаме благодетите од нив.

Можеби тајната за блескаво здравје и енергија, ни се пред носот, но ние не посегаме кон нив бидејки незнаеме или затоа што мас медиумите направиле толкава инвазија на информации кои ни ја смениле нашата традиционална шема на исхрана.Имено, традиционалниот начин на исхрана кај некои народи доведува до појава на некои болести, повеке кај нив. Така, еден народ на крајбрежјето од Касписко Море кој консумира житарици што содржат една габичка, заболуваат сите од артроза-дегенеративно заболување на зглобовите од дланките.Друга, пак, група на народи кои живеат на изолиран остров во Средна Америка, консумираат какао во поголеми количини, кај нив покачен крвен притисок не се јавува.

Хроничните болести, за кои одат огромни материјални средства за лекување на компликациите од нив, се предмет на истражување во денешните студии, како преку исхрана до намалување на ризикот од нив и компликациите, каков што е примерот со остеопорозата каде што 20% од пациентите боледуваат од неа заради нездрава исхрана.Со истражувањата на кожурката од бадемот се докажало дека таа содржи  флавоноиди кои заедно со витаминот Е, од месестиот дел го удвојуваат антиоксидативното дејство.Семката, пак, од кајсијата овој флавоноид го има уште во поголема концентрација, а на пазарот се сретнува во комерцијализирано пакување.Оваа комбинација од бадемот ја зголемува оксидацијата на ЛДЛ (лошиот холестерол) од 18% на 52%, отколку ако се зема витамин Е изолирано.

Хранливи материи кои штитат од кардиоваскуларни заболувања

Пред да почнеме со примената на супстанците кои превенираат кардио-васкуларни заболувања, треба да се исфрлат од употреба сите супстанци кои водат до нивно зголемување и да се вклучи дозирана физичка активност. Студиите покажале дека смртноста од КВЗ значајно се намалува ако се внесуваат интегрални производи.Според еден податок од British Medical Journal внесот на дополнителен оброк со зеленчук или овошје го намалува ризикот за срцева болест 4%. Кај жени пак кои во постменопауза јаделе по 10 парчиња овошје дневно опасноста од срцев удар се намалила за 40%.

При внес на зеленчук, овошје, интегрални житарки и мешунки, маслиново масло, јаткасти плодови и семки, односно намален внес на заситени масни киселини во период од 27 месеци се намалува ризикот за смрт од кардиоваскуларни заболувања за 70%.Во САД е направена комбинација од 10 екстракти од растенија со кои се третира покачен крвен притисок, истите се комерцијализирани и се за широка употреба потврдени со научна студија.Производите како овесот, мешунките и јаткастото овошје кои се богати со растворливи влакна значајно го намалуваат лошиот холестерол, не само кај болните туку и кај здравите индивидуи.Nutricija2Растворливите влакна од мешунките ги намалуваат триглицеридите, а бидејки содршат и калиум и магнезиум го намалуваат и крвниот притисок.Исхраната богата со билни продукти изобилува со аргинин, есенцијална аминокиселина која нашите тела ја користат во создавањето азотен оксид, кој делува вазодилататорно. На истиот принцип делува и какаото.

Хранливи материи кои штитат од рак-малигни заболувања

Според една ревијална студија која испитувала 200 истражувања е најдено дека исхраната богата со овошје и зеленчук може да ја намали опасноста од рак. Оваа храна изобилува со витамини и фитонутриенти.

  • Фолната киселина која ја има во зелениот листест зеленчук, превенира рак на дебелото црево.
  • Брокулата и продуктите од нејзина група, кељ, зелка, содржат гликозинолати кои го поттикнуваат производтвото на ензими задолжени за детоксикација на телото од канцерогени супстанци.
  • Боровинката содржи силни антоцијанини, кои имаат способност да продираат низ мембраните во клетката и ја штитат со своето антиокцидативно дејство, го намалуваат воспалението, и спречуваат оштетување на ДНК молекулата.
  • Се наведува позитивниот ефект на големо консумирање на домати и намалување на ризикот од рак на простата.

Nutricija3

Хранливи материи кои штитат од дијабетес-шекерна болест

Храна богата со фитонутриенти и антиоксиданси ја намалува штетата од високот ниво на гликоза во крвта. Контролираното  ниво на гликоза во крвта спречува и појава на холестерол во крвта. Важно е при ова да се одржи пирамидата на исхрана со задолжително учество на интегрални житарки.

Општ совет

Да не се јаде храна богата со шекер, и заситени масни киселини, туку комбинација од интегрални житарки со овошје и зеленчук, во превенцијата и третманот на кардиоваскуларните, воспалителните болести и ракот.Правилниот внес на одредени супстанци дека е благотворен не е докажано само со студии, ако почнеме да се занимаваме со нутриција потребно е да направиме детално испитување на навиките на исхрана на личноста.

  • Третманот би се состоел од внес на податоци за начинот на исхрана и видовите производи,
  • Клинички преглед ТТ, ТВ, БМИ,
  • Клинички преглед на развиеноста на телото,
  • Лабораториски испитувања,
  • Спирометриски и ергометриски тестирања,
  • Дефинирање на здравствените проблеми,
  • Програм за внес на намирници во најмал период од 3-6 месеци.

Местото на нутрицијата во здравствениот систем

Фактот дека со нутриција се занимаваат здравствени работници, иако е групирана во КАМ, и се поголемиот интерес на луѓето, како и воведувањето како наставен предмет во медицинските струки, му дава значење на самиот факт дека е значаен во современиот начин на грижата за здравјето. Покачената телесна тежина, кардиоваскуларните заболувања, дијабетот и малигните заболувања се во пораст. Според еден податок од САД 60% од населението е со покачена телесна маса. Сите овие заболувања се делумно резултат и од неправилната исхрана, богата со рафиниран шеќер, рафинирани житарки и трансмасни киселини.

Тие производи водат до развој на болестите и прерано стареење, имено таложењето на нивните метаболити во клетките предизвикува апоптоза-пропаѓање на клетката.Тие не нудат хранливи материи потребни за телото за оптимална функција ( поради тоа не доведуваат ни до оптимално губење на телесната маса), а истовремено можат да го загрозат и здравјето: рафинираниот шеќер  доведува до намалување на функцијата на имунолошкиот систем, рафинираните житарки доведуваат до зголемување на гликозата во крвта, а мастите до појава на штетен холестерол и болести на срцето.

Како делуваат интегралните производи во регулирање на телесната тежина?

Интегралните производи содржат многу влакна, како што се мешунките, тие создаваат чувство на ситост, што претставува еден од методите за слабеење. Имаат низок гликемиски индекс, го одржуват стабилно нивото на шекерот во крвта. Луѓето кои консумираат маслиново масло и јаткасти плодови изгледаат послабо.

Nutricija4

Кои се производи со низок гликемиски индекс?

Ако имате урамнотежено ниво на шеќер во крвта нема да бидете изложени на хипогликемиски епизоди во кои ќе се нафрлате на храна само да ја вратите енергијата и шеќерот,  да го вратите на нормала.Ако нивото на шеќер не варира тогаш потребите на инсулин ќе бидат во рамнотежа.  Гликемиски индекс е ниво со кое одредена храна го зголемува нивото на гликоза во крвта.

Денес со напредната технологија и со способноста да ѕирнеме во телото, па и во самите клетки, многу подобро можеме да разбереме како ни помагаат во исхраната витамините, минералите и другите штотуку откриени хранливи материи.Тие нови сознанија, исто така, ни помагаат да согледаме како недоволното внесување хранливи материи, може да резултира со пад на енергијата, рано стареење, па дури и со болести. Исто така можеме да видиме како нашиот избор на храна може да ни се одрази на здравјето денес и во иднина.

Епидемиолошките студии откриваат дека на народите кај коишто исхраната им се темели на големи количества од одредени производи им се заканува опасност од одредена болест, или пак не им се заканува ако се хранат здраво. Како пример за здрава исхрана се наведува медитеранската храна богата со маслиново масло, семки, овошје, зеленчук и јаткасти плодови.Како пример за нездрава храна се наведува храната што се консумира во САД, тоа е брзата храна, со ниско ниво хранливи производи кај кои и телесната маса е покачена како и бројот на заболувањата кои следат со неа.  Неквалитетната храна, богата со адитиви како и храната која е со докажано штетно дејство, за жал, се консумира и во развиените,но и во другите земји.

Свеста за позитивното дејство е присутна низ целата историја

Иако од неодамна се расчисти клеточната исхрана, човекот од секогаш бил свесен за позитивниот ефект на храната врз здравјето. Сознанието дека храната го одржува доброто здравје датира уште од Хипократ (лекар и филозоф од Стара Грција). Тој во еден цитат вели,,Храната нека ти биде лек”.

Nutricija5

Од ставовите на древната медицина до современите наоди на молекуларната биологија јасен е ставот дека производите богати со хранливи материи имаат водечка улога во одржувањето на здравјето и виталноста.

Дружете се со тимот за едукација во ЦОП (TIC) и дајте допринос за своето здравје од секој аспект.