Обука за нефармаколошки третман на Паркинсоновата болест

Податоците од медицинската литература во последните 5 години обилуваат со енормен број на истражувања, што може да се види и од цитираната литераура во нашата публикација, за зголемената преваленцата на користење на САМ (комплементарна и алтернативна медицина) методи и други нефармаколошки интервенции препишани од медицински лица кај пациентите со Паркинсонова болест (ПБ). Примената на САМ методи е 54%, кај ова заболување додека воопшто на постарите лица се движи до 52%. При тоа 39% од  пациентите користат барем една метода, а не постои разлика во однос на расата и полот. Најчесто применувана АМ била употребата на масло од црб дроб, супстанци со аналгетско дејство и суплементација со витамини. При тоа со зголемување на возраста се зголемува и зачестеноста на употребата на АМ. Ова се должи на тоа што со текот на стареењето се зголемува и бројот на болести, и пациентите освен ПБ имаат и други болести. Од овие причини при рутинскиот преглед или препишување на било која терапија од страна на лекарот потребно е да се земе анамнеза од пациентот за употребата на супстанци надвор од лекарската пракса. Со цел да се работи за доброто на пациентот, семејниот доктор треба да биде запознен и да соработува со сертифицирани практичари за алтернативни методи, како би можел да го следи ефектот од терапијата во правец на подобрување или влошување на состојбата.

   Обуката за нефармаколошкиот третман се содржи од теоретски и практичен дел, а ќе се изведува од универзитетски докажани професори во својата специјалнот. Со здобивање на сертификат за Нефармаколошки третман на Паркинсоновата болест ќе станете дел од тимот кој ќе допринесе во подобрување на квалитетот на живот кај пациенти со ПБ, на професионален план и научен метод.  Зошто токму сега едукација за нефармаколошки третман?  Нефармаколопкиот третман на Паркинсоновата болест станува актуелен во светот во последните 5 години, а тоа го потврдуваат и големиот број цитирани трудови кои ги консултиравме при изработката на оваа програма за обука. Научените вештини ќе ви помогнат на професионален и научен начин да допринесете во лекувањето на оваа болест пред се преку подобрување на квалитетот на живот и успорување на прогресијата на болеста.

    Во обуката може да партиципираат медицински лица со факултетско образование и тоа доктори по медицина, доктори специјалисти физијатри, невролози, семејни доктори, медицински сестри и физиотерапевти.

  Теоретскиот дел на обуката (1-12) како и примината на прашалниците за проценка на квалитет на живот, замор, баланс и ментален статус, како и составувањето на мени за исхарана (1-7), ќе биде одржано од Проф.др.Елизабета Попова Рамова. Професор Елизабета Попова Рамова, САМ методите базирани на научна основа, со оваа едукација сака да даде допринос во третманот на оваа болест, споедлувајки ги светските искуства од последните 5 години во нефармаколошкиот третман, со сите заинтересирани за оваа едукација. Покрај теоретските знаења,  како медицински лица ќе имате и практична обука за примена на вежби за овие болни. Едукацијата за практичната примена на вежбите е селектирана според докажаните теоретски сознанија, цитирани во теоретскиот дел. На слушателите ќе им биат на располагање во едукативниот материјал видео клипови со вежбите за кои ќе бидат едуцирани. Едукација за вежбите ќе ја прави сертифициран физиотерапевт за ТаиЧи вежби, Билјана Ангеловска, како и на останатите вежби (8-13). Со завршување на обуката ќе бидете оспособени да го процените ефектот од вашата работа преку наведените прашалници и на научната јавност и ги презентирате своите активности врз основа на медицина базирана на докази.

Материјалот за обука се состои од видео презентации на темите од теоретскиот дел од 1-12, а за секој дел ќе ви бидат на располагање и одреден квантум на прашања, кои ќе треба да ги подготвите за теоретскиот дел од тестот. Обуката за примената на прашалниците ќе биде практична а за стекнати компетенциите за нивна употреба ќе се одговара со тест, на претходно подготвен квантум на прашања. Практичниот дел од испитот ќе се спроведе индивидуално за секој кандидат, при што ќе се даде моѓност да ги полага истите постапно пред предавачите на курсот. Пристап кон обуката ќе се има по целосно уплаќање на сретствата на сметката од ЦОП.

 Кон добиениот сертификат кој ќе биде двојазичен, ќе следува и суплемент диплома со која детално ќе биде опишано за што сте оспособени. Пристап кон обуката ќе

Содржина на обуката

 1 Вовед за Паркинсоновата болест

2.Поим и ефекти на Таи Чи вежбите врз здравјето на човекот

3..Научни докази за ефектот на Таи Чи вежбите кај пациенти со Паркинсонова болест

– Евалуација на квалитетот на живот и ефектот од вежбите

-. Организација на Таи Чи вежбите и нивна содржина

-. Докажани ефкти на Таи Чи вежбите кај пациенти со ПБ

  1. Други видови на вежби за пациенти со ПБ

-. Вежби баланс и рамнотежа

-. Вежби  на танц

-.Промена на функцијата на  дланката со стареење и ПБ

– Вежби за фини движења

  1. Музико терапија за пациенти со ПБ
  2. Исхрана кај пациенти со ПБ
  3. Ефекти на масажата кај пациенти со ПБ

8.Третман на болката кај пациенти со ПБ

  1. 9. Транскранијална магнето стимулација и ПБ
  2. Јога и нејзин ефект кај пациенти со ПБ
  3. Паркинсонова болест и остеопороза
  4. Паркинсонова болест и тренинг на бокс како вежби

Практична едукација

1.Едукација за примена на клинички тестовите за пациенти со Паркинсонова болест

  1. Примена на СФ-36 прашалникот за квалитет на живот
  2. Едукација за користење на Берг Баланс скалата
  3. Едукација за примена на универзал скала за проценка на степенот на ПБ
  4. Примена на миниментал тестот за проценка на конгнитивните функции
  5. Примена на модифициран ФРАКС прашалник за проценка на ризик фактори за остеопороза и скршеница, со проценка на исхраната и физичката активност.
  6. Составување на мени за пациенти со ПБ
  7. Примена на Таи Чи Вежбите по Јанг (1.Загревање 2.Специфични вежби 3. Релаксација)
  8. Едукација за вежби баланс и рамнотежа
  9. Организација на вежби танц и нивна изведба
  10. Организација на вежби за фини движења со нагледни сретства
  11. Избор на музико терапевтски форми, и нивна примена
  12. Примена на масажни техники специјално за пациенти со ПБ

ВРЕМЕНСКА РАМКА НА ОБУКАТА

Две последни недели од месецот

Прва недела

Ден Час Обука
Петок 17-21 час 1 Вовед за Паркинсоновата болест

2.Поим и ефекти на Таи Чи вежбите врз здравјето на човекот

3..Научни докази за ефектот на Таи Чи вежбите кај пациенти со Паркинсонова болест

– Евалуација на квалитетот на живот и ефектот од вежбите

-.Организација на Таи Чи вежбите и нивна содржина

-. Докажани ефкти на Таи Чи вежбите кај пациенти со ПБ

Сабота 9.00-16.00 4. Други видови на вежби за пациенти со ПБ

-. Вежби баланс и рамнотежа

-. Вежби  на танц

-.Промена на функцијата на  дланката со стареење и ПБ

– Вежби за фини движења

5. Музико терапија за пациенти со ПБ

Сабота 16-20 6. Исхрана кај пациенти со ПБ

7. Ефекти на масажата кај пациенти со ПБ

8.Третман на болката кај пациенти со ПБ

9. Транскранијална магнето стимулација и ПБ

10. Јога и нејзин ефект кај пациенти со ПБ

11. Паркинсонова болест и остеопороза

12. Паркинсонова болест и тренинг на бокс како вежби

ПРАКТИЧНА ОБУКА-недела

Ден Час Обука
10-18 1.Едукација за примена на клинички тестовите за пациенти со Паркинсонова болест

2. Примена на СФ-36 прашалникот за квалитет на живот

3. Едукација за користење на Берг Баланс скалата

4. Едукација за примена на универзал скала за проценка на степенот на ПБ

5. Примена на миниментал тестот за проценка на конгнитивните функции

6. Примена на модифициран ФРАКС прашалник за проценка на ризик фактори за остеопороза и скршеница, со проценка на исхраната и физичката активност.

7. Составување на мени за пациенти со ПБ

-Консултации во однос на прашањата за теоретски дел од испитот

8. Примена на Таи Чи Вежбите по Јанг (1.Загревање 2.Специфични вежби 3. Релаксација)

9. Едукација за вежби баланс и рамнотежа

10. Организација на вежби танц и нивна изведба

11.Организација на вежби за фини движења со нагледни сретства

12. Избор на музико терапевтски форми, и нивна примена

13. Примена на масажни техники специјално за пациенти со ПБ

 

 

Следува обука за месец Maj со термин

Петок 06.05.

Сабота 07.05 и

Недела 08.05.2016

Уплата на слушателите со цена од

-4000 ден. за македонски државјани

-10 000 ден. за странски државјани.

Податоци за сметката

Да се уплатат на корисник на сретства: ЦОП-АМ

Халк Банка-HALKBANK

Трансакциска сметка: 270065476800207