Основни информации

Центарот е формиран во 2007 година, во Битола како невладина, непартиска и непрофитна организација . Мисијата на Центарот е промоција на нови навики за здрав живот и нови здравствени пејсажи кои вклучуваат безбедност и нутриционистички квалитет на храната и култура на  исхраната и алтернативната медицина како составен дел на научната мисла и апликацијата.

Со ангажирање на светски познати научници од осум земји во светот( САД, Австралија, Бразил, Р.Хрватска, Р.БиХ, Р. Србија, Р.Бугарија и Р.Македонија ) – специјалисти во своите области, Центарот се труди науката за здрав и квалитетен живот да ја донесе во нашата средина. Во Центарот преку едукација од одбрани делови за безбедноста и квалитетот на исхраната почнувајки од производтсвото, контролата на квалитетот и безбедноста, за значење по здравјето на човекот, потоа  се презентираат највисоките еколошки одржливи стандарди, со  постојан и центриран фокус кон целокупното човеково живеење  од сите аспекти.

Центарот за едукација и примена е нова парадигма на здрав живот базиран на мултидимензионалниот зелен модел за грижа за здравјето која обезбедува интегрирање на повеќе комплементарни области од науката  и праксата ( мултидисциплинарност).

Нашата колективна цел е да се промовира здравата и безбедна исхрана, стандардите за производство на таква храна и да ги олесни страдањата искусени од страна на луѓето, со  поттикнување на луѓето и нивните членови на семејствата да делуваат кон сопствено одржување на здравјето и благосостојбата.