НЕФАРМАКОЛОШКИ ТРЕТМАН НА МУЛТИПЛАТА СКЛЕРОЗА

Мултиплата склероза е една од најзастапените невролошки болести и предизвикувач на онеспособеност кај младата популација. Исто така некои пациенти со МС имаат повеќе онеспоосбености а кај 60% од нив тоа значајно го намалува квалитетот на живот и има финансиско и економско влијание на животот на нив и на нивните фамилии. Повеќето луге очекуваат нормален или блиску до нормален живот. Во ретки случаи МС има брз и малигнен ток кој завршува со смрт.
И покрај нашата свест за значителнотo влијание на MS, постои сериозен недостаток на информации за ресурсите кои се на располагање за да се справи здравствениот систем со оваа болест. Значајни наоди се: На глобално ниво, просечната проценета преваленца на МС e 30 на 100.000 (опсег: 5-80); Регионално, просечната процентуална преваленца на МС е најголем во Европа (80 на 100.000 жители), потоа на Источниот Медитеран (14,9), Америка (8.3) во регионот на Западен Пацифик (5), Југоисточна Азија (2.8) и Африка (0.3) На глобално ниво, просечната проценета инциденцата на MS е 2,5 на 100 000 (и се движи 1,1-4). Постои глобално голем јаз во обезбедувањето на основните и повеќе конкретни форми на информации за оваа болест.
Последната публикација на СЗО е од 2008 година и достапни се следните податоци во врска со примената на САМ за МС:
– Петте најмногу распространети алтернативни или комплементарни пристапи кои се користат во повеќе од 50% од земјите се исхраната (88,3%), акупунктурата (86,7%), хербалните лекови (81,7%), масажтаа (78,3%) и хомеопатија (73,3%). Други алтернативни или комплементарни пристапи кои се користат во некои земји, се хиропрактиката и остеопатија (41,7%), аромотерапијата (40%), хипербаричниот кислород (40%), канабисот (38,3%), ајурведската медицина (36,7%), пилатес (36,7%), во стоматологијта (36,7%), биофидбекот (35%), макробиотската исхрана (31,7%), натуропатијата (28,3%), хипнотерапија (21, 7%), хипнозата (18,3%) и иридологијата (18.3%) .
Нашата програма за обука за не-фармаколошки третман на мултиплекс склероза е изработена во согласност со најновите сознанија од пребарувањето на медицинската база на податоци PubMed. Податоците за ефикасноста на третманите се најчесто цитирани публикаци и објавени во последните 5-10 години, а методите за CAM се најчесто употребувани во последните 5 години.

СОДРЖИНА НА ТЕОРЕТСКАТА ОБУКА

Вовед за мултиплата склероза (МС) како невролошко заболување
Застапеноста на МС во светот податоци од СЗО (2008 год.)
Можни САМ методи во третманот на МС
Заморот и АМ на третман
Важноста на вежбите за подобрување на квалитетот на живот
Музико терапија во третманот на МС
Јога во третманот на МС
Апликација на тајпинг ленти за подобрување на одењето
Вежби на баланс и МС
Масажа и медитација за намалување на болката
Третман на болката кај пациенти со МС
Таи Чи вежби за пациенти со МС
Акупунктура и акупресура во третманот на пациенти со МС
Терапија со смеење за намалување на анксиозноста
Терапија со самоизразување
Ментални вежби за пациенти со МС
Помагала и ортози за подобрување на одот и стабилноста
Исхрана кај пациенти со МС

СОДРЖИНА НА ПРАКТИЧНАТА ЕДУКАЦИЈА
Практична примена на тестовите за пациенти со МС и прашалници
Вежби баланс и рамнотежа
Јога вежби
Таи Чи вежби за МС пациенти
Апликација на тајпинг ленти за подобрување на одењето
Видови на апликација на музикотерапија
Специфичности на масажата
Акупресура
Подготовка на мени за 7 дена и регулирање на опстипацијата

Следува обука за месец Јуни со термин
Петок 10.06
Сабота 11.06 и
Недела 12.06.2016
Уплата на слушателите со цена од
-4000 ден. за македонски државјани
-10 000 ден. за странски државјани.

Податоци за сметката
Да се уплатат на корисник на сретства: ЦОП-АМ
Халк Банка-HALKBANK
Трансакциска сметка: 270065476800207