Програма за инклузија на стратегијата на СЗО во промоција на здрав начин на живот и физичка активност кај различни возрасни групи
Советувалиштето за здрава исхрана и промоција на физичката активност се вклучува во стратегијата на СЗО,
- Промоција на физичката активност како бенефит за здрав живот и спречување на болестите и смртноста, Стратешкиот план може да се прочита во делот публикации при веб странат на ЦОП-Битола (TIC-Bitola).
- Како зголемената телесна тежина и намалената физичка активност се голема закана за населението во сите возрасни групи,
- За поголемата застапеност на заболувањата на кардиоваскуларниот систем, појавата на дијабет и некои малигни заболувања, со зголем ризик за смртност и намален квалитет на живот.
Нашето долгогодишно искуство за влијанието на вежбите во третманот на веќе настанти заболувања и превенција на настанување на истите сакаме да го споделиме со вас на еден прифатлив начин преку:
- Меѓусебна комуникација и проценка на вашата физичката активност и начинот на исхрана,
- Проценката на состојбата по веќе утврдени методи, прифатени од медицинската јавност кои се содржат од селектирани податоци за начинот на исхрана и физичката активност според возрасната група.
- Употреба на мерливи параметри со кои се утврдува дали постои нарушување на квалитетот на живот или не,
- Примена на современа алтернативна метода за мерење на хомеостазата со квантен анализатор.
- Креација на диета, за корекција на лошите навиќи за исхрана
- Совет за примена на физичка активност според возраста и индивидуалните карактеристики
- Контрола на состојбата 3 месеци по примена на советите.
Погледајте ја табелата подолу и најдете се вие или вашите блиски, каде припаѓате и изразете желба за грижа за вашето здравје. Сега е време кога физичката неактивност и лошата исхрана можат да го нарушат вашето здравје, корегирајте го тоа и направете нешто за себе. Ако вашето здравје е нарушено, почитувајте ги советите на вашите лекари, земајте ја редовно терапијата и направете нешто за да го подобрите квалитетот на живот.
Отргнете се од видео-терминалите и вратете се на природата со движење и здрава исхрана. Нашата околина изобилува со можности, излезете од дома, одете на пазар и препознајте ја здравата храна.
Родители, спортувајте зедно со вашите деца и изградете здраво семејство.
Ние препорачуваме
Возрасна група | Активност |
Училишни деца на возраст од 6-14 години | 1.Проценка на нутритивниот статус и диета за здрава коскена маса
2.Проценка на физичката активност и телесното држење 3. Креација на вежби за лошо држење и совети за здрава исхрана 4. Мерење на нивото на коскена маса |
Тинејџери од 15-21 година | 1 Проценка на нутритивниот статус и диета за здрава коскена маса
2.Проценка на физичката активност и телесното држење 3. Креација на вежби за лошо држење и совети за здрава исхрана 4. Мерење на коскената маса и хомеостазата. |
Возрасни | 1.Проценка на нутритивниот статус и диета за здрав живот,
2.Проценка на физичката активност и телесното држење, и мускулно-скелетната болка, 3.Вежби за грбна болка и лошо телесно држење при работа, 4. Мерење на коскената маса и хомеостазата |
Постменопаузални жени 61-65 години | 1.Проценка на нутритивниот статус,
2.Превенција на остеопорозата со исхрана, 3.Превенција на остеопорозата со совет за индивидуално креирани вежби, 4. Мерење на коскената маса и хомеостазата |
Постари лица од 70 и повеќе години | 1. Проценка на нутритивниот статус,
2. Проценка на физичката активност, 3. Мерење на коскената маса и хомеостазата, 4. Исхрана според заболување, 5. Сугестија за спроведување вежби според состојбата |