За нас

Центарот е формиран во 2007 година, во Битола како невладина, непартиска и непрофитна организација. Мисија на центарот е промоција на нови навики за здрав живот и нови здравствени пејсажи кои вклучуваат безбедност на храната и култура на  исхраната и алтернативната медицина како составен дел на научната мисла и апликацијата.

Со ангажирање на светски познати научни специјалисти во своите области, центарот се труди науката за здрав и квалитетен живот ја донесе во наша средина. Во центарот преку едукација од одбрани делови за безбедноста на исхраната почнувајки од произвотсво, контрола на квалитет и значење за здравјето на човекот  се презентираат највисоките еколошки одржливи стандарди, со  постојан и центриран фокус кон целокупното човеково живеење  од сите аспекти.

Центарот за едукација и примена е нова парадигма на здрав живот базиран на мултидимензионалниот зелен модел за грижа за здравјето која обезбедува интегрирање на повеќе области од науката.

Нашата колективна цел е да се промовира здравата и безбедна исхрана, стандардите за производство на храна и да ги олесни страдањата искусени од страна на луѓето, со  поттикнување на луѓето и нивните членови на семејството да делуваат кон сопствено одржување на здравјето и благосостојбата.