Историјат

КУСА ИСТОРИЈА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА И ПРИМЕНА ВО БИТОЛА

Центарот е формиран  на 21.12.2007 год., најпрво при Македонското научно друштво-Битола,  со првична мисија да отпочне со континуирано образование на младите и возрасните од областа на безбедноста и нутриционистичкиот квалитет на храната  ( оспособување на имплемeнтатори и аудитори на системи за безбедност и квалитет на храната: НАССР , ISO 9001-2000, ISO 22 000 ) и со имплементација на вакви системи изработувајќи елаборати кај разни оператори за храна во Р. Македонија и Р. Србија.Обуките се одвиваа со интензивна настава од 30 , а подоцна и со 40 часови во текот на шест работни денови, со ангажирање најпрво на 7 специјалисти од областа на безбедноста и квалитетот на храната, во повеќе места             ( Битола, Куманово, Прилеп, Штип, Прешево, Бујановац и Осијек и Тузла).До 2012   година низ овие обуки се оспособени околу 300 кандидати  со предходно завршено високо или вишо образование ( дипломирани студенти од разни факултети и школи компатибилни со областа на обучувањето: биотехнички, ветеринарен, висока медицинска школа, земјоделски, медицински, фармацевстки, стоматолошки, биолошки, хемиски, технолошки, техничко – технолошки факултети и др.).

Во 2009 год. Центарот се издвои од Македонското научно друштво, регистрирајки се како засебно непрофитно, непартиско и невладино здружение на граѓани,  започнувајќи со нова комплементарна програма за обука од областа на нутриционизмот ( со часови за практични работилници). Најпрво се ангажираа  околу 15 специјалисти од оваа област од пет земји во светот, чиј што број постојано е во пораст и денес на листата на ангажирани едукатори-специјалисти ги има повеќе од 55 и тоа  од осум земји во светот (  Македонија, САД, Бразил,Австралија, Хрватска, Босна и Херцеговина,  Србија и Бугарија ). Наставата се одвива на повеќе балкански и светски јазици без да има потреба од симултан превод ( на македонски, хрватски, српски, бошњачки, бугарски и англиски јазик), според мајчиниот јазик на предавачите и започна да се реализира со примена на методата „учење на далеку,“  а следењето на наставата е со лично присуство на кандидатите, или One Line (преку Skype) – конференциска работа, за кандидати кои живеат надвор од Битола.После обуката кандидатите имаат можност да избираат за полагање на тест од 100 прашања од областа на безбедноста на храната ( за имплементатори и аудитори на НАССР системи), или од областа на нутриционизмот и после успешното полагање се стекнуваат со посебен двојазичен сертификат ( на македонски и англиски јазик), кој што е наменет за домашна и меѓународна употреба.За успешна подготовка на тестот кандидатите добиваат печатен материјал                   ( Вадемекум по безбедност и сензорен квалитет на храната) и во електронска форма од околу 1500 страници во вид на Зборник на трудови од меѓународната обука.  Голем број од оспособените кандидати брзо наоѓаат вработување, или веќе биле предходно вработени  кај разни оператори со храна во земјата, или странство. Досега на обуките се презентирани повеќе од 100 теми од областа на безбедноста и нутриционистичкиот квалитет на храната, кои ќе бидат објавени во првата половина на 2016 год. во посебен  Зборник на трудови од Меѓународната обука, кој ќе биде наменет како практично помагало на сертифицираните консултанти во нивната секојдневна консултанска пракса.

Денес, Здружението брои околу 350 членови, од разни места во државата и странство, од кои околу стотина се активни соработници со Центарот, како имплементатори и аудитори на системи за безбедност на храната, или како сертифицирани консултанти од областа на нутриционизмот, или едукатори на меѓународната обука.

Со одлука на Управниот одбор на Центарот, во декември 2015 год. се формира уште едно, посебно  одделение,  за алтернативна медицина, кое во 2016 год. отпочна да се бави со обуки на кандидати заинтересирани за разни дисциплини од оваа неконвенционална област на медицинските науки, а со ангажман на околу 10  специјалисти  од земјата и странство ( Италија, Босна и Херцеговина, Германија, Р. Србија и др.). Со ваквиот потег на Управниот одбор се потврди констатацијата дека Центарот има професионални и високо апликативни можности и кадровски капацитети за постојан развој  и навистина сигурна перспектива во периодот што престои, а  на полето неформална континуирана едукација на возрасните, која пак е толку актуелна во современиот миг во сите економски  развиени земји на Светот.

Фотокопија од сертификатите кои ги издава Центарот за обука и примена -Битола на кандидатите кои ги положиле тестовите за нутрициониам и безбедност на храната ( имплементатори на НАССР системи) и на едукаторите кои учествуваа во реализацијата на обуките/  

Untitled

Certifikat

Ser