АЛТЕРНАТИВНИ МЕТОДИ И СПОРТСКИ ПОВРЕДИ
Конзервативниот третман на спортските повреди вклучува многу методи од физикалната терапија како што се пред се вежбите според локализација и видот на повредата, но и неколку алтернативни методи кои ги надополнуваат конвенционалните методи и заедно со медикаментозната терапија допринесуваат за побрз опоравок на спортистот .
Во алтернативните методи ќе ги споменеме терапијата со светлина, трерапијато со ладно, апликацијата на функционалниот тајпинг, спортската масажа и сите други методи кои ја намалуваат болката и отокот а ја стимулираат трофиката на ткивата.
Светлосна терапија-третманот со ниско енергетски ласер, имапозитивен ефект на намалување на болката и стимулирање на трофиката на ледираното ткиво. Поларизираната пак светлина се аплицира и при удари, хематоми, отоци и воспаленија.
Третманот со ладно-има позитивен ефект на намалување на локалната болка, и отокот, и е метод на избор при акутна траума, виза ви топлите апликации. Криокоморите се придружни апликации во врвни спортски клубови, за подобрување на мускулната кондиција без допинг сретства.
Функционалниот тајпинг- е брза лесна и апликативна метода, која го намалува отокот, а со тоа и притисокот, имобилизира во функционална положба на третираниот дел а истовремено дава потпора и мобилизација на локалната меѓу клеточна течност по пат на автодренажа.
Вежби според отворен и затворен кинетички синџир-вежбите се нераздвоен дел од современата терапија на конвенционалната медицина, креирани според состојбата на повредата акутна, субакутна или хронична, како и според регијата.
Спортска масажа-спортската масажа е една од првите видови на масажа која е прифатена од страна на конвенционалната медицина. Најзините позитивни ефекти се благодет за секој спортист и може да имаат значење за успехот при спортски натпревар.
Хербална терапија-хербалната терапија има значајно место во третманот на болката и забрзување на процесот на зарастување како антиинфламаторна терапија. Таа се применувала од дамнешни времиња, а денес има значење како терапија на природен начин без допинг ефект, за превенција на повредите и зголемување на психофизичката способност кај спортистите пред и по натпревар.
Мускулно скелетна ехосонографија-мускулно скелетната ехосонографија е составен дел на секоја современа амбуланта на спортските клубови. Таа овозмоѓува локализација и евалуација на повредата и состојбата под физикален третман. Секој доктор и терапевт треба да се обучени за брз и ефтин скрининг на повредата на лице место, за исклучување на мекоткивна повреда, како и за оптимизирање на оптоварувањето според процесот на зарастување на оштетеното ткиво.
Едукацијата ке биде спроведена паралелно теоретски и практичен дел за секој ден пооделно од 16-20 часот.
ден | Содржина |
1 | -Основни принципи на мускулно скелетна ехосонографија
-Сигнификантност и клиничка примена на мускулно скелетна ехосонографија при спортски повреди -Практична едукација за принципи на прегледот -Екононографски приказ на мускулно ткиво, тетиви и лигаменти -Ехосонографски преглед на колено, рамо, колк и глужд. |
2 | -Физиолошки механизми на дејство на криотерапијата
-Форми на апликација на криотерапија -Примена на криотерапијата при спорт и спортски повреди -Принципи на примена на криомасажата како дел од комплексниот третман при спортска повреда -Механизам на дејство и примена на криокоморите кај спортисти |
3 | -Биостимулативен ефект на Светлосна терапија
-Светлосна терапија во третманот на болка при спортски повреди -Ефекти на светлосната терапија и принципи на апликација при спортски повреди -Практична едукација за апликација на поларизираната светлина при спортски повреди -Практична едукација за апликација на ниско енергетски ласер при повреди на колената регија, рамото, мускули, лигаменти. |
4 | -Функционален тајпинг, принципи и физиолошки механизам на дејство
-Индикации и принципи на апликација при спортски повреди -Функционален тајпин на колената регија -Функционален тајпинг на глужд при повреди -Функционален тајпинг при повреди на ахилова тетива и други тетиви. -Функционален тајпинг при повеќе дијагнози во спортот. |
5. | -Приемна на акупунктурата при спортски повреди, индикација и принципи на апликација
-Практична апликација при повреди на рамо, колено и глужд -Принципи на спортска масажа и нејзини ефекти -Ортози за колено, рамо, глужд и рачен зглоб при спортски повреди -хербална терапија кај спортисти за намалувањ ена болката и подобрување на психофизичката способност. |
Уплата на слушателите со цена од
-10 000 ден. за странски државјани
-6000 ден. За македонски државјани
Податоци за сметката
Да се уплатат на корисник на сретства: ЦОП-АМ
Халк Банка-HALKBANK
Трансакциска сметка: 270065476800207
Термини:30,31.Август 01.02.03.Септември 2016
Во цената е вклучена 1, тајпинг лента, СД со ултрасонографски преглед, СД со материјали за учење и публикација рехабилитација при спортски повреди.