Пракса

  • ОБУКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И НУТРИЦИОНИСТИЧКИ КВАЛИТЕТ НА ХРАНАТА

Обуката од оваа област има за цел да оспособи заинересирани кандидати за имплементација и аудит на системи за безбедност на храната (ISO-22000 и HACCP). Кандидатите се здобиваат со двојазичен сертификат (македонски и англиски јазик) за домашна и меѓународна употреба.

За предавањата се ангажираат околу 60 специјалисти од областа на безбедноста и квалитетот на храната од повеќе земји во светот (САД, Австралија, Бразил, Хрватска, Србија, БиХ, Бугарија и Македонија) со вкупен број на часови 40, во кои се вклучени и работилници за практична обука. Наставата се одвива онлин по методата ,,учене на далеку”.

После наставата се полага тест од 100 прашања и по положуввање на тестот се стекнуваат со способност за имплементација на системи за безбедност на храна и д авршат нивни аудит. Обуката се одвива во 3 дела: за имплементатори на системи за безбедност на храна, за аудитори на овие системи и за нутриционисти.

За подготовка на тестирањето кандидатите добиваат 600 страници печатен материјал и 1000 страници во електронска форма. Во прилог види (програма и СВ за наставен кадар).

  • ОБУКА ЗА ДОКТОРИ И ТЕРАПЕВТИ ВО СПОРТСКИ КЛУБОВИ

Обуката е наменета за доктори и физиотерапевти со универзитетско ниво на едукација за работа во спортски клубови и фитнес клубови. Програмата опфаќа едукација од врвни професори докажани од сите области на превенцијата и грижата на здравјето на активните и аматерските спортисти.

Со завржувањ ена обуката ќе бидете оспособени за пружање прва помош и познавање на процесот на менаџирање на повреда при спорт. Како да воведете листа з аисхрана кај спортист, и значењето на нутритивната вредност на храната во успехот на спортистот. Ќе добиете соснанија како треба да се води еден спортист и кои стандарди треба да ги има една амбуланта на спортски клуб.

Во текот на практичната обука ќе се здобиете со компетенции за одредени дијагностички постапки и алтернативни мерки во третманот и превенцијата на повредите.

По ваше барање ќе ви се овозможи во траење од 10 работни дена престој за практична едукација во врвен центар за спорт во земја во ЕУ. Сертификатот ќе биде потпишан од професор член на европската асоцијација на доктори по спортска медицина.

  • ОБУКА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНИ ТАИ ЧИ ВЕЖБИ

Обуката за овие вежби ќе се содржи од теоретски дел и практичен дел, а ќе се изведува од страна на сертифициран едукатор. Со здобивање на сертификат за овие вежби ќе можете истите да ги применувате како додатна терапија во дадени состојби на популацијата во превенцијата на заболувањата.

Еве некои кратки објаснувања што се Таи Чи вежбите и кои се придобивките од нивно практикување. Во обуката може да партиципираат медицински лица и лица кои сакаат да ги спроведуваат вежбите за лично подобрување на здравјето со тоа што во сертификатот ќе биде назналено дека се едуцирани но не за инструктори.