АЛТЕРНАТИВНИ МЕТОДИ И СПОРТСКИ ПОВРЕДИ

 

АЛТЕРНАТИВНИ МЕТОДИ И СПОРТСКИ ПОВРЕДИ

Конзервативниот третман на спортските повреди вклучува многу методи од физикалната терапија како што се пред се вежбите според локализација и видот на повредата, но и неколку алтернативни методи кои ги надополнуваат конвенционалните методи и заедно со медикаментозната терапија допринесуваат за побрз опоравок на спортистот .

Во алтернативните методи ќе ги споменеме терапијата со светлина, трерапијато со ладно, апликацијата на функционалниот тајпинг, спортската масажа и сите други методи кои ја намалуваат болката и отокот а ја стимулираат трофиката на ткивата.

Светлосна терапија-третманот со ниско енергетски ласер, имапозитивен ефект на намалување на болката и стимулирање на трофиката на ледираното ткиво. Поларизираната пак светлина се аплицира и при удари, хематоми, отоци и воспаленија.

Третманот со ладно-има позитивен ефект на намалување на локалната болка, и отокот, и е метод на избор при акутна траума, виза ви топлите апликации. Криокоморите се придружни апликации во врвни спортски клубови, за подобрување на мускулната кондиција без допинг сретства.

Функционалниот тајпинг- е брза лесна и апликативна метода, која го намалува отокот, а со тоа и притисокот, имобилизира во функционална положба на третираниот дел а истовремено дава потпора и мобилизација на локалната меѓу клеточна течност по пат на автодренажа.

Вежби според отворен и затворен кинетички синџир-вежбите се нераздвоен дел од современата терапија на конвенционалната медицина, креирани според состојбата на повредата акутна, субакутна или хронична, како и според регијата.

Спортска масажа-спортската масажа е една од првите видови на масажа која е прифатена од страна на конвенционалната медицина. Најзините позитивни ефекти се благодет за секој спортист и може да имаат значење за успехот при спортски натпревар.

Хербална терапија-хербалната терапија има значајно место во третманот на болката и забрзување на процесот на зарастување како антиинфламаторна терапија. Таа се применувала од дамнешни времиња, а денес има значење како терапија на природен начин без допинг ефект, за превенција на повредите и зголемување на психофизичката способност кај спортистите пред и по натпревар.

Мускулно скелетна ехосонографија-мускулно скелетната ехосонографија е составен дел на секоја современа амбуланта на спортските клубови. Таа овозмоѓува локализација и евалуација на повредата и состојбата под физикален третман. Секој доктор и терапевт треба да се обучени за брз и ефтин скрининг на повредата на лице место, за исклучување на мекоткивна повреда, како и за оптимизирање на оптоварувањето според процесот на зарастување на оштетеното ткиво.

Едукацијата ке биде спроведена паралелно теоретски и практичен дел за секој ден пооделно од 16-20 часот.

ден Содржина
1 -Основни принципи на мускулно скелетна ехосонографија

-Сигнификантност и клиничка примена на мускулно скелетна ехосонографија при спортски повреди

-Практична едукација за принципи на прегледот

-Екононографски приказ на мускулно ткиво, тетиви и лигаменти

-Ехосонографски преглед на колено, рамо, колк и глужд.

2 -Физиолошки механизми на дејство на криотерапијата

-Форми на апликација на криотерапија

-Примена на криотерапијата при спорт и спортски повреди

-Принципи на примена на криомасажата како дел од комплексниот третман при спортска повреда

-Механизам на дејство и примена на криокоморите кај спортисти

3 -Биостимулативен ефект на Светлосна терапија

-Светлосна терапија во третманот на болка при спортски повреди

-Ефекти на светлосната терапија и принципи на апликација при спортски повреди

-Практична едукација за апликација на поларизираната светлина при спортски повреди

-Практична едукација за апликација на ниско енергетски ласер при повреди на колената регија, рамото, мускули, лигаменти.

4 -Функционален тајпинг, принципи и физиолошки механизам на дејство

-Индикации и принципи на апликација при спортски повреди

-Функционален тајпин на колената регија

-Функционален тајпинг на глужд при повреди

-Функционален тајпинг при повреди на ахилова тетива и други тетиви.

-Функционален тајпинг при повеќе дијагнози во спортот.

5. -Приемна на акупунктурата при спортски повреди, индикација и принципи на апликација

-Практична апликација при повреди на рамо, колено и глужд

-Принципи на спортска масажа и нејзини ефекти

-Ортози за колено, рамо, глужд и рачен зглоб при спортски повреди

-хербална терапија кај спортисти за намалувањ ена болката и подобрување на психофизичката способност.

Уплата на слушателите со цена од

-10 000 ден. за странски државјани

-6000 ден. За македонски државјани

Податоци за сметката

Да се уплатат на корисник на сретства: ЦОП-АМ

Халк Банка-HALKBANK

Трансакциска сметка: 270065476800207

 

Термини:30,31.Август 01.02.03.Септември 2016

Во цената е вклучена 1, тајпинг лента, СД со ултрасонографски преглед, СД со материјали за учење и публикација рехабилитација при спортски повреди.