Обука за светлосна терапија

     Обуката за светлосна терапија е наменета за доктори и физиотерапевти. Според видот на светлосната терапија се врши обуката за компетенциите на  даден профил на стручно лице. Обуката се изведува под контрола на сертифицираниот професор за ласеротерапија Проф.др.Елизабета Попова Рамова, која има публицирано повеќе трудови од оваа област, како и со ангажирани професори од странство и членови на светската и европската асоцијација за светлосна терапија. Обуката ќе се состои во повеќе ниво, според видот на светлината и ламбата за која ќе се едуцира.

Еве накратко што е светлосната терапија и од кога се користи

   Светлосната терапија има мошне долга историја, бидејќи веќе со илјадници години луѓето ширум светот ја ценеле важноста на светлоната за нормалното функционирање на човечкото тело.

     Првиот извор на светлина за медицински третмани била сончевата светлина. Употребата на сончевата светлина во медицината е позната како хелиотерапија. Првите сознанија укажуваат дека употребата на хелиотерапијата датира веќе од околу 1.400 год. ПНЕ. Индусите ги лекувале пациентите со кожни болести со разновидни растенија, по што ги изчожувале на сонце. Хипократ, ја препорачувал сончевата светлина за лекување на разновидни болести. Старите египетски, грчки, римски и арапски лекари ја вклучиле светлосната терапија во редовните медицински третмани.

     Важните тераписки ефекти на сончевата светлина потикнувале многу истражувачи да развијат и употребуваат вештачки извори на светлина. Така, фототерапијата стана алтернатива на хелиотерапијата.

   Во 1893 год. данскиот лекар Нилс Рајберг Финсен, направи еден од првите апарати способни да емитираат вештачки синтетизирана ‘‘сончева‘‘ светлина. Во 1903 год. тој ја добива и Нобеловата награда за медицина за неговото истражување на полето на светлосната терапија и исклучителните терапевтски ефекти.

Светлината е видливиот дел од електромагнетскиот спектар, кој често се забележува како распонот на боите на виножитото. Разликите помеѓу овие бои се определени според брановата должина која ја зафаќаат. На највисоките фрекфенции наоѓаме гама и Х зраци, иако другите форми вклучуваат ултравиолетови, инфрацрвени и едноставни радио бранови. Тие сите заедно се познати како електромагнетски спектар. Разликата помеѓу нив се нивните соодветни бранови должини и нивната способност да навлезат во ткивото на кожата.

Ултравиолетова светлина

Ултревиолетовата светлина се наоѓа под видливиот дел на електромагнетниот спектар и има бранова должина помала од 400 nm. Ултравиолетовата светлина е одговорна за потемнувањето на нашата кожа. Познато е дека оваа светлина е еден од најважните етиолошки фактори одговорни за развојот на разни видови на рак на кожа (меланом, басалиом) и за стареењето на кожата.

Видлива светлина

     Видливата светлина се наоѓа во видливиот дел на електромагнетниот спектар и има бранова должина од приближно 400-780 nm.

Инфрацрвена светлина

     Инфрацрвената светлина е над видливиот дел на спектарот и над црвената светлина. Има бранова должина од приближно 780 nm до преку 50.000 nm. Оваа светлина има топлински ефекти и предизвикува загревање. Инфрацрвената терапија сега широко се применува во ревматологијата и спортската медицина за третман на болка и мускулни грчеви.

Ласерска светлина

            Изворот на светлина кој обично се применува во медицината е ласерска технологија со мала моќ (ниска енергија). Иако принципите на ласерот за првпат се формулирани до Алберт Ајнштајн во 1917 год., првите ласери се развиени дури во 60-тите и понатаму почнале широко да се употребуваат во медицината. Зборот ‘‘ласер‘‘ (laser)‘‘значи зајакнување на светлината со стимулирана емисија на радијација‘‘ (light amplification by stimulated emission of radiation).

Главни карактеристики на ласерската светлина со мала јачина се:

  • еднобојност (едновремено има само една бранова должина)
  • кохерентност (значи дека светлината е ‘‘во фаза‘‘)
  • поларизација (светлината се движи во паралелни рамнини)
  • ниска енергија (употребата на ниска енергија предизвикува стимулативен ефект врз клетките без термален ефект).

 Фототерапијата е примена на електромагнетни бранови од светлосната област во тераписки и профилактички цели.

   Извори на светлина може да бидат:

1.Природна светлина-хелиотерапија;  2.Вештачки извори.

   Хелиотерапијата е составена од 60% инфрацрвени зраци, 35% видлива светлина, 1-3% ултравиолетови зраци и 2%останати.

Применета светлина во тераписки намени:1.Хромотерапија, лекување со една боја од спектарот; 2.Солукс-инфрацрвени зраци; 3.Ултравиолетови зраци;

4.Монохроматска светлина-ласеро терапија; 5.Поларизирана светлина

ХРОМОТЕРАПИЈА

    Хромотерапијата, наречена и терапија со бои, колорологија или хроматерапија е метод на алтернативната медицина, кој користи светлина или светлина во боја за да ги зголеми енергетските потенцијали на телото, со подигање на физичкото, менталното и духовното ниво

 

   Според западната култура таа спаѓа во псевдонаучни методи, но постојат публицирани трудови за нејзино користење во Русија и Кина без многу научни докази.Хромотерапијата не треба да се меша со светлосната терапија, која користи различни ламби како и со фотобиологијата која го испитува дејството на одредена боја-бранова должина на живите организми.

 

Историски преглед

 

    Tерапијата со бои има долга историја, Египјаните ги осветлувале храмовите со различни бои, ги капеле пациентите во вода со различна боја, заради тераписки ефект. Испитувањата покажуваат дека слепите лица реаѓираат психолошки озрачени од различни бои. Со други зборови, кожата е рецептор за технички бои.

   Авицена (арапски лекар, 980-1037 год.) верувал дека бојата може да има важност во дијагнозата и третманот, неговите ставови ги искажал во книгата The Canon of Medicine. Тој опишал, бојата е еден симптом на заболувањето, и дека таа е во корелација со температурата на телото и физичката кондиција на телото. Тој сметал дека црвената ја придвижува крвта, а жолтата ја намалува мускулната болка и воспалението. Американскиот цивилен воен генерал Augustus Pleasonton, се занимавал со боите како делуваат на човекот и го напишал делото The Influence Of The Blue Ray Of The Sunlight And Of The Blue Color Of The Sky, опишувајќи како сината боја делува заздравувачки на луѓето.

Kurt Goldstein смета дека стимулацијата на кожата со различни бои дава различни ефекти.

 

Дејство на пооделни бои

 

Црвена-ја зголемува физичката енергија, ја зголемува циркулацијата, и се поврзува со сексуалноста. Премногу црвена боја може да стимулира агресивност и лутина.

Портокалова- Со оваа боја се поттикнува радоста, дружењето и оптимизмот, па се смета дека е корисна при депресија или тага. Портокаловата е поврзана со сакралната чакра и се верува дека е во полза на работата на бубрезите, уринарниот тракт и репродуктивните органи. Премногу портокалова се смета дека води до замор, песимизам и конфузија.

Жолта- се поврзува со соларниот плексус. Нерамнотежа во соларниот плексус се смета за промовирање на страв, збунетост, недостаток на решителност, интровертност или моќ. Се смета дека овие функции се балансираат со оваа боја. Жолто е поврзано со интелектот и менталните процеси и влијае на неговото подигнување. Соларниот плексус се смета дека влијае на дигестивниот систем. Премногу жолта се верува дека доведува до слаба концентрација и хиперактивност.

Зелена-Зелената е боја која се мисли дека ја поттикнува емоционалната стабилност, чистотата и смиреноста. Таа е поврзана со чакрата на срцето,  па се верува може да помогне при емоционални проблеми, како што се љубовта, простувањето, довербата и сочувството. Нерамнотежа во оваа чакра е поврзано со страв од врски, недоверба, љубомора, изолација и несигурност.

Сина-е поврзано со чакрата на грлото и се вели дека е поврзана со грлото и белите дробови. Таа има влијание врз подобрување на мислата, вербалниот израз и комуникацијата, уметничкиот израз и силата на волјата. Таа е смирувачка боја и се верува дека помага при несоница, анксиозност, проблеми со грлото, висок крвен притисок, мигрена и иритација на кожата.

Индиго сина- се мисли дека е чакра на третото око, се наоѓа меѓу очите и е поврзана со очите и долниот дел на главата. Велат дека помага да се  поттикне поголема интуиција и зајакнување на лимфниот систем, имунолошкиот систем и помага за прочистување на телото.

Виолетова-поврзана е со круна чакра, која е на врвот од главата. Се мисли дека поттикнува духовност, интуиција, мудрост, мајсторство и ментална сила и способност за фокусирање. Премногу виолетова се смета дека води до промовирање на гордоста и ароганцијата.

 

Медицина базирана на докази

 

Бојата, гледано од научен аспект, е светлина со одредена бранова должина на електромагнетни бранови. Таа е светлосна рефлексија на партикли-честички во атмосферата. Сите овие бранови на светлина се емитуваат со некоја фреквенција, па се знае дека црвената е со бранова долчина од 330нм, виолетовата од 670 нм и тн. Ако ја замислиме оваа светлина на ист начин како ултравиолетовата или пак ренгенските зраци, ќе сфатиме дека таа е полна со енергија. Аплицирана преку кожата или апсорбирана преку очите таа поттикнува низа фотохемиски реакции кои во науката се нарекуваат биостимулативни. Денес постојат неколку типа сијалици кои произведуваат светлина со терапевтски ефект. Најпрост пример е поларизираната светлина од биоптрон ламбата. Според тоа кој ефект сакаме да го постигнеме со неа, таков филтер ќе поставиме. На биостимулативниот ефект се должи и примената на ниско енергетскиот ласер, ултравиолетовата сијалица, инфрацрвената сијалица и биоптрон сијалицата.

   Ултравиолетовите зраци се користат, со докажан биолошки ефект. Дејството на ниско енергетскиот ласер зависи од тоа дали е црвен или инфрацрвен и од неговата фреквенција. Ние ке се задржиме само на истражувањата кои се однесуваат конкретно на третманот со бои.

    Имено, се испитувало дејството на белата светлина и жолтата боја, како дејствуваат на пациенти со астенично депресивна конституција. Пришто жолтата боја дала поголемо подобрување на психичките параметри.

   Во Јапонија било испитувано дејството на Лед диодата со различни бои врз зараснувањето на раните. Лед диодата со зелена боја имала најголем ефект.

   Денес дејството на боите е предмет на истражување како делува на повеќе болни состојби, при што треба да се изберат мерливи параметри пред и по третманот да се спореди.

    Било испитувано дејството на различни колор ламби врз подобрување на состојбата кај глувци кај кои била предизвикана невропатија. Притоа заздравувачки ефект имала најмногу црвената сијалица, додека, пак, зелената го зголемила бројот на оштетените Шванови клетки. Ова е полезен податок кој може да се користи. Врз основа на ова ние денес можеме да користиме поларизирана светлина со зелен филтер во третман на дијабетична полиневропатија. 

    Било испитувано дејството на зелена и сина светлина врз емоционалната состојба кај лица кои страдале од сезонска депресија (зимски период во Канада).Промените биле следени со невроимејџинк техники, при што имало зголемена активност на задниот дел од хипоталамус, што сугерира дека позитивниот тераписки ефект се должи на неговата зголемена активност потикнато од третманот со боите.

    Најдовме многу студии кои го потврдуваат третманот врз мерливи параметри на дејството на хромотерапиојата при патолошки состојби на внатрешноста на окото. Со овие истражувања се бавеле, пред се, офталмолози. Биле користени и леќи со пребоеност во одредена боја за третман на очни болести. При тоа леќата има улога на филтер да пропушта само одредена боја.

    Како влијае бојата на физичката подготверност и енергијата кај спортистите, атлетичарите била испитувана со изложување на ирадијација од дадена боја. При тоа спортистите кои биле третирани со црвена боја дале најдобри резултати.

    Пациентите со психолошка болка биле третирани со колор терапија, при што имало позитивни ефекти во однос на нивото на анксиозност, и функционалната кондиција на ЦНС.

    Со колоропунктура биле третирани пациентите со мултипла склероза и при тоа биле со невроимејџинк техники најдени промени на мозочната активност.

    Покажува посебен интерес трудот од 2008 год. од Пакистан, кога реакцијата или биостимулацијата со боја била следена со ензимска активност.  При зрачење со виолетова боја (464нм) инвитро, се зголемила активноста на ензимот гликоза оксидаза, додека при зрачење со 400нм се зголемила активноста на холестерол естеразата и липазата. Ова потврдува дека озрачувањето со светлина со дадена бранова должина има ефект на ензимската активност инвитро што може да се користи и во третман ин виво кај одредени промени на лабораториските анализи, кои се показатели за патолошки наод.

   Во Замбија, менталитетот на населението бил таков што тешко прифаќале антивирусна таблетарна терапија за третман на СИДА. Здравствените работници примениле, при психолошка обработка на пациентите, одредени бои и форми кои делувале позитивно на прифаќањето на третманот.

    Било испитувано во Русија како одредена боја делува на нивото на крвниот притисок, секако дека таа што делува надразнително ќе го покачи и обратно другата која смирува ќе го намали. Но детални студии сеуште нема.

 

Заклучок

 

   Третманот со бои е стар колку и човекот, бидејки ние сме опкружени со бои во нашата околина. Гледано од холистички аспект, бојата дава промени на психата и функцијата на внатрешните органи. Гледано од научен аспект третманот со светлина кој е докажан во медицината, користи и светлина со одредена бранова должина која одговара на дадена боја, и има докажан биостимулативен ефект поради биохемиските реакции кои ги поттикнува на клеточно ниво.

 

Литература

  1. Azeemi, Y; Raza SM (2005). “A Critical Analysis of Chromotherapy and Its Scientific Evolution”.Evidence-Based Complementary Alternative Medicine 2 (4): 481–488. doi:1093/ecam/neh137.PMC 1297510PMID 16322805.
  2. Mary Anderson, Colour Therapy, The Aquarian Press, 1986
  3. Gruson, L (1982-10-19). “Color has a powerful effect on behavior, researchers assert”The New York Times. Retrieved 2009-09-18.
  4. Parker, D (2001). Color Decoder. Barron’s. ISBN0-7641-1887-0
  5. Color Psychology: How Colors Impact Moods, Feelings, and Behaviors”.com. Retrieved 2009-09-18.
  6. Carey, SS (2004). A Beginner’s Guide to Scientific Method. Wadsworth PublishingISBN0-534-58450-0.
  7. Kir’ianova VV,Baburin INgoncharova VGVeselovskiĭ AB.The use of phototherapy and photochromotherapy in the combined treatment of the patients presenting with astheno-depressive syndrome and neurotic disorders. Vopr Kurortol Fizioter Lech Fiz Kult. 2012 Jan-Feb;(1):3-6.
  8. Fushimi T,Inui SNakajima TOgasawara MHosokawa KItami S. Green light emitting diodes accelerate wound healing: characterization of the effect and its molecular basis in vitro and in vivo. Wound Repair Regen. 2012 Mar-Apr;20(2):226-35. doi: 10.1111/j.1524-475X.2012.00771.x.
  9. Carruthers HR.Imagery, colour and illness: a review. J Vis Commun Med.2011 Sep;34(3):104-12.
  10. Guzalov PI,Kir’ianova VV,Skopichev VGMitrofanov ASGolovachev PSRashidov NA. The influence of photochromotherapy on the injured nerve under experimental conditions (a histological studyVopr Kurortol Fizioter Lech Fiz Kult. 2011 May-Jun;(3):3-6.
  11. Vandewalle G,Hébert M,Beaulieu C,et al.:Abnormal hypothalamic response to light in seasonal affective disorder. Biol Psychiatry. 2011 Nov 15;70(10):954-61. doi: 10.1016/j.biopsych.2011.06.022. Epub 2011 Aug 6.
  12. Novikov IaS,Molotkov OV,Molotkov OA. On the neurophysiological basis of color-impulse therapy in pathogenic treatment of eye diseases]. Vestn Oftalmol. 2011 May-Jun;127(3):59-62.
  13. Wolffsohn JS,Dinardo C,Vingrys AJ. Benefit of coloured lenses for age-related macular degeneration. Ophthalmic Physiol Opt. 2002 Jul;22(4):300-11.
  14. Petrov KB,Koreneva SN. Differential application of ophthalmostimulation for the prevention of dysadaptation problems in athletesVopr Kurortol Fizioter Lech Fiz Kult.2010 May-Jun;(3):39-43.
  15. Ishinova VA,Svyatogor IA,Reznikova TN. Features of color reflection in psychogenic pain in patients with somatoform disorders during psychotherapeutic treatment. Span J Psychol. 2009 Nov;12(2):715-24.
  16. Bajpai RP,Drexel M. Effect of colorpuncture on spontaneous photon emission in a subject suffering from multiple sclerosis. J Acupunct Meridian Stud.2008 Dec;1(2):114-20.
  17. Azeemi ST,Raza SM,Yasinzai M. Colors as catalysts in enzymatic reactions. J Acupunct Meridian Stud. 2008 Dec;1(2):139-42.
  18. Schumaker LL,Bond VA. Antiretroviral therapy in Zambia: colours, ‘spoiling’, ‘talk’ and the meaning of antiretrovirals. Soc Sci Med.2008 Dec;67(12):2126-34. Epub 2008 Oct 24.
  19. Eitel K,Szkura L,Pokorny Dvon Wietersheim J. Do you see what I see? A study about the interrater reliability in art therapy. Psychother Res. 2008 Mar;18(2):216-24.

СОЛУКС ЛАМПА-ИНФРАЦРВЕНИ ЗРАЦИ

  Секое тело загреано зрачи инфрацрвени зраци, pa и човечкото тело зрачи. Видливата светлина содржи 60% инфрацрвени зраци. Tоа се топлински зраци со бранова должина од 350 do 4000 nm. Sе наоѓаат под црвените  а над микробрановите зраци во спектарот. Во тераписки намени се користат вештачки добиени инфрацрвени зраци, со бранова должина од 1500 – 770 nm.

УЛТРАВИОЛЕТОВИ ЗРАЦИ

  Ултравиолетовите зраци се ладни зраци, хемиски активни. Vo tkivata предизвикуваат jонизација на атомите и молекулите на што се должи и нивното хемиско дејство. Постојат А, Б и Ц зраци.

МОНОХРОМАТСКА СВЕТЛИНА-НИСКО ЕНЕРГЕТСКИ ЛАСЕР

  Ласерската светлина е монохроматска (една бранова должина без интервал), кохерентна, високо енергетска и насочена. Се добива од гасовити супстанци со избивање на електроните на повисоко ниво при нивно враќање на стабилно ниво со емисија на електромагнетни бранови. Овие зраци се високо енергетски и активни. Во физикалната терапија се применуваат таканаречени меки ласери (анг. LLLT), Сл.23. Ласерскиот зрак во зависност од фрекфенцијата има три дејства: аналгетско (0-10Хц), трофичко (300-800Хц) антивоспа-лително (1000-2000Хц).

ПОЛАРИЗИРАНА СВЕТЛИНА

           На почетокот на развојот на фотомедицината, во светлосната терапија се употребувале воглавно инфрацрвениот и ултравиолетовиот дел од спектарот.

Во раните 80-ти години, група научници дошле до помисла да развијат извор на светлина која во основа се базира врз ласерската технологија, но работи со скоро целиот опсег на видливата светлина и дел од инфрацрвениот спектар. Поларизацијата на светлината се смета за важен параметар кој е одговорен за биостимулативните ефекти.Врз основа на оваа технологија е конструиран BIOPTRON системот за светлосна терапија.

Поларизираната светлина дејствува на природен начин преку поддршка на регенеративните и ребалансните капацитети на телото, без УВ зрачење. Светлосната енергија го промовира процесот на биостимулација. Биостимулативниот ефект се добива со апликација преку кожа, а дејството се манифестира на целиот организам со биостимулативен ефект на клетките од крвта.

   Поларизираната светлина може да помогне во :подобрување на микроциркулацијата, хармонизирање на метаболитички процеси, поттикнување на зараснување на раните, стимулација на регенертивни и репаративни процеси, одстранување и намлување на интензитет на болка, зајакнување на одбранбен сиситем на телото, стимулација на клеточна пролиферација, зголемување на синтезата на колаген, подобрување на квалитетот на лузната.

 

Поларизација на светлината

   Поради лесната апликација се користи и во домашни услови, со консултација со доктор, а е апликативно лесна алатка з аупотреба во физиотерапевтската и сестринската пракса за третман на следните состојби: Постравматски рани, Изгореници, Постоперативни рани, Декубитус (рани од притисок),Чиреви на нозете.

Хроничните рани се чест проблем кај постарите и неподвижни пациенти. Кај нив карактеристична е загуба на кожата или поткожното ткиво и неуспех при лекувањето со конвенционални третмани. Овие рани тешко се лекуваат и треба долго време за нивно целосно затворање.

Поларизираната светлина може да го поттикне и забрза лекувањето на хроничните рани преку стимулација и модулација на репаративните и регенеративните процеси, со своите противвоспалителни ефекти и со потпомагање на одбрамбените процеси на човечкиот организам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *