Марија Врчковска

За доктор Марија Врчковска, специјалист по Социјална медицина со организација на здравствена дејност. вработена во ЦЈЗ Центар за Јавно Здравје Битола.

Родена на 28.08 1958 година во Битола. Средно, гимназиско образование  завршила во Гимазија “Ј.Б.Тито”-Битола.

Дипомирала во 1988 год на Медицинскиот Факултет Скопје, при Универзитетот  “Св.Кирил и Методиј” Скопје.

Во период 1992-1995 год. работи како здравствен и санитарен инспектор во Здравствен и санитарен инспекторат на Р Македонија, ПЕ Битола.

Во  ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Битола работи од 1995 година. Специјализација по социјална медицина и организација на здравствена дејност заврши 1999 година, на Медицински Факултет Скопје.

Раководител на Одд. за социјална медицина, при ЈЗУ ЦЈЗ Битола, е од 1999 година.

Од 2009 и 2010 година член е на Управен Одбор на ЦЈЗ Битола,  а од 2006 до 2014 год. член на Управен Одбор на Здружението на лекари специјалисти по социјална медицина на РМ.

Од 2010 година го води Советувалиштето за сексуално и репродуктивно здравје, а од 2012 година и Советувалиштето за одвикнување од пушење.

Член е на МЛД, ЛКМ и Здружение на лекари по социјална медицина, а преку него и во Европското и Светското здружение за Јавно здравстство.

Има активни и пасивни  учествувања на бројни едукативни меѓународни и домашни семинари и тренинг курсеви од областа на здравството  и тоа:

-PHARE Multibeneficiary programme for The Fight Against Drugs in Central and Eastern European countries,

– REGIONAL TECHNICAL/TRAINING WORKSHOP ON CERVICAL CANCER, Countries of Central and Eastern East Europe,

-MS Windows XP & MS Word 2002 & MS Excel 2002 & Internet,

-Воведен тренинг за работа со SPSS Base V и негова примена во проекти во здравството,       -Втора генерација за следење HIV/SIDA,

– Градење на вештини за раководење на ниво на локална самоуправа”,

-Base lafe suport,

-Квалитетна здравствена статистика во примарната здравствена заштита  и др.активности.

Активно учествува во едукација на дипломирани доктори и стоматолози, при обавување на редвниот приправнички  стаж.

Со Фитотерапија заснована на докази, како област од алтернативната медицина, започна да работи од 2009 година за да 2016 година се здобие со неколку Сертификати како Доктор фитотерапевт за метаболен синдром и автоимуни заболувања,од Меѓународното здружение за промоција и развој на Квантната медицина – Београд,Р.Србија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *