Програма за инклузија на стратегијата на СЗО во промоција на здрав начин на живот

Програма за инклузија на стратегијата на СЗО во промоција на здрав начин на живот и физичка активност кај различни возрасни групи

Советувалиштето за здрава исхрана и промоција на физичката активност се вклучува во стратегијата на СЗО,

  • Промоција на физичката активност како бенефит за здрав живот и спречување на болестите и смртноста, Стратешкиот план може да се прочита во делот публикации при веб странат на ЦОП-Битола (TIC-Bitola).
  • Како зголемената телесна тежина и намалената физичка активност се голема закана за населението во сите возрасни групи,
  • За поголемата застапеност на заболувањата на кардиоваскуларниот систем, појавата на дијабет и некои малигни заболувања, со зголем ризик за смртност и намален квалитет на живот.

    Нашето долгогодишно искуство за влијанието на вежбите во третманот на веќе настанти заболувања и превенција на настанување на истите сакаме да го споделиме со вас на еден прифатлив начин преку:

  • Меѓусебна комуникација и проценка на вашата физичката активност и начинот на исхрана,
  • Проценката на состојбата по веќе утврдени методи, прифатени од медицинската јавност кои се содржат од селектирани податоци за начинот на исхрана и физичката активност според возрасната група.
  • Употреба на мерливи параметри со кои се утврдува дали постои нарушување на квалитетот на живот или не,
  • Примена на современа алтернативна метода за мерење на хомеостазата со квантен анализатор.
  • Креација на диета, за корекција на лошите навиќи за исхрана
  • Совет за примена на физичка активност според возраста и индивидуалните карактеристики
  • Контрола на состојбата 3 месеци по примена на советите.

      Погледајте ја табелата подолу и најдете се вие или вашите блиски, каде припаѓате и изразете желба за грижа за вашето здравје. Сега е време кога физичката неактивност и лошата исхрана можат да го нарушат вашето здравје, корегирајте го тоа и направете нешто за себе. Ако вашето здравје е нарушено, почитувајте ги советите на вашите лекари, земајте ја редовно терапијата и направете нешто за да го подобрите квалитетот на живот.

     Отргнете се од видео-терминалите и вратете се на природата со движење и здрава исхрана. Нашата околина изобилува со можности, излезете од дома, одете на пазар и препознајте ја здравата храна. 

    Родители, спортувајте зедно со вашите деца и изградете здраво семејство.

Ние препорачуваме

Возрасна група Активност
Училишни деца на возраст од 6-14 години 1.Проценка на нутритивниот статус и диета за здрава коскена маса

2.Проценка на физичката активност и телесното држење

3. Креација на вежби за лошо држење и совети за здрава исхрана

4.  Мерење на нивото на коскена маса

Тинејџери од 15-21 година  1 Проценка на нутритивниот статус и диета за здрава коскена маса

2.Проценка на физичката активност и телесното држење

3. Креација на вежби за лошо држење и совети за здрава исхрана

4. Мерење на коскената маса и хомеостазата.

Возрасни 1.Проценка на нутритивниот статус и диета за здрав живот,

2.Проценка на физичката активност и телесното држење, и мускулно-скелетната болка,

3.Вежби за грбна болка и лошо телесно држење при работа,

4. Мерење на коскената маса и хомеостазата

Постменопаузални жени 61-65 години 1.Проценка на нутритивниот статус,

2.Превенција на остеопорозата со исхрана,

3.Превенција на остеопорозата со совет за индивидуално креирани вежби,

4. Мерење на коскената маса и хомеостазата

Постари лица од 70 и повеќе години 1. Проценка на нутритивниот статус,

2. Проценка на физичката активност,

3. Мерење на коскената маса  и хомеостазата,

4. Исхрана според заболување,

5. Сугестија за спроведување вежби според состојбата