Обука за Кинезиотајпинг

    Апликацијата на самолепливи ленти во тераписки намени се користи во два вида како Кинезиотајпинг и Функционален тајпинг. Во обуката ќе бидат ангажирани експерти и оснивачи на обие методи во соработка со двете ацоцијации. По завржувањето на обуката се здобивате со компетенции за користење на овие ленти во третманот на повеќе болни состојби, повреди и воспалителни реакции од повеќе причинители како и парези и парализи.

Накратко што е тајпингот

КИНЕЗИОТАЈПИНГ

Кинезио тајпинг методата претставува мануелна техника, која се применува во рехабилитацијата со цел да го олесни природниот процес на оздравување, при тоа овозможувајќи стабилизација на мускулите и зглобовите, без ограничување на подвижноста на телото, во комбинација со екстендирачка манипулација на меките ткива.

Кинезиотајпинг се применува во рехабилитативната терапевтска практика. Овој неинвазивен метод применува употреба на уникатно дизајнирани и патентирани ленти за третман на мускулни заболувања и редукција на лимфедемот. Овој метод вклучува тајпинг над и околу мускулите со цел да им помогне или да им даде поддршка или да ја превенира прекумерната контракција.

Историски преглед

Методата на кинезиотајпинг е развиена од страна на д-р. Кензо Кејс речиси пред околу 28 години во Јапонија. Во текот на касните 70ти години, кога д-р Кејс ја воведува оваа метода, неговите истражувања привлекоа внимание од страна на здравствената заштита во заедницата. Не помина долг период откако тој побара да ги покаже своите познавања и бенефити од примена на кинезиотајпинг методата, со што и други практиканти би можеле да ја применуваат на своите пациенти. Како за почеток, д-р. Кејс голем акцент става на важноста да се има заедница на практиканти и инструктори кои би го прошириле своето знаење и би обезбедиле стандард за примена на ново воведениот кинезиотајпинг метод.

Со цел да се олесни споделувањето на истражувањата и развојот на оваа метода, првата Асоцијација на Кинезиотајпинг методата беше официјално формирана во Јапонија во 1984 година. Со ова им се овозможи на практикантите да можат да ги споделуваат своите идеи и резултати, во прилог на симпозиуми.

Филозофски пристап

За да се обезбеди потполн обем на подвижност, за кинезиотајпинг се применуваат еластични ленти со околу 130-140% еластичност од нивната оригинална должина. Оваа специфична еластичност не дозволува прекумерно истегнување на мускулите меѓу себе. Лентите може да бидат слични на тие што се применуваат во атлетиката, но за кинезиотајпинг тие фундаментално се разликуваат од нив. Кинезиотајпинг се базира на поинаква филозофија чија цел е да обезбеди полн обем на движење, со што му дозволува на мускулниот систем да се лекува по биомеханички пат.

Кинезиотајпингот ја намалува болката и ја олеснува лимфната дренажа со микроскопски лифтинг на кожата. На делот на кој се поставуваат лентите за тајпинг се создаваат вијуги на кожата, со што се зголемува интерстицијалниот простор. Резултатот е намалување на притисокот и иритацијата на сензорните и нервните рецептори, со што се намалува и болката. Се намалува и притисокот во лимфотокот, со што се овозможува подобрување на протокот.

Едукација за спроведување на кинезиотајпинг

Интернационалната Асоцијација за Кинезиотајпинг (KTAI), е заедница на терапевти и други медицински практиканти кои се едуцираат за правилна примена на техниките на кинезиотајпинг методата и нејзиниот напредок. Како видни професионалци, членовите на оваа Асоцијација секогаш се интегрален дел од стратегијата на кинезиотајпинг методата, одговорни се за растот на примената во светот на оваа метода, нејзините техники и методологијата.

Денес Интернационалната асоцијација за кинезиотајпинг вклучува членови од седум региони во Јапонија и повеќе од 30 земји ширум светот. Со повеќе од 10.000 членови во целиот свет, од кои 5.000 се од САД.Оваа Асоцијација продолжува да се шири, давајќи знаење и висок степен на експертиза за пациентите и клиентите од целиот свет.

Едукацијата претставува еден од најважните елементи во оваа метода. Заедно со сертифицирани кинезиотајпинг инструктори, д-р Кејс оджува семинари и курсеви ширум светот со што ги шири своите знаења за оваа метода и врши едукација за нејзината практична примена. Откако ќе го завршат курсот и ќе се здобијат со сертификат за присуство, практикантите се придружуваат на селективни групи на медицински професионалци кои се овластени за примена на кинезиотајпинг методата во рамките на нивната област во праксата. 

Првата техника му дава можност на практикантот да даде поддршка во одржувањето на полниот обем на движење, помагајќи и на индивидуата да се вклучи во физичка активност со  примена на функционална помош. Втората техника помага во превенција на прекумерната употреба или прекумерната контракција и обезбедува фасцилитација на протокот на лимфата во текот на 24 часа. Најчесто се применуваат во акутниот стадиум на рехабилитација.

Медицинско толкување на ефектот од кинезиотајпинг

Кинезиотајпинг претставува метод кој се применува во рехабилитацијата и во спортската медицина, во третманот на мускулни заболувања и редукција на лимфедем.

3

 

Медицина базирана на докази

    Имајки сопствено искуство, кое и во еден труд е публикувано, на мислење сме дека КТ може да се користи како додатна ФТ метода.

   Од консултираните трудови дознавме дека во најголем процент публикувани трудови е обработена патологијата на спортските повреди, потоа следуваат болните состојби на рбетот, па невролошките заболувања и ревматолошките заболувања.

   Третманот бил значајно ефективен при акутни повреди од дисторзионен тип на скочниот зглоб, иако има спортиставени мислења дека во акутна фаза поефикасни се ортозите. Нашите лични искуства беа дека како комплексен третман заедно со други ФТ има позитивен ефект кај акутни повреди на скочниот зглоб без ортози. Тука секако се и повредите на лактот,  хронични тендинити и на ахиловата тетива каде што има некој бенефит. Испитувана е силата на мускулот квадрицепс кај здрави индивидуи со КТ дали се зголемува, при тоа немало подобрување. Од овие причини КТ е дозволено да биде аплициран при спортски натпревари.

    Во третманот на акутни и хронични вратни и лумбални болки како и парестезии, како и состојби по оперативен третман на дискална патологија, ефектот на КТ бил позитивен во однос на намалување на болката.

    Кај пациенти со мултипла склероза и детска парализа, аплициран на скочниот зглоб ја подобрувал рамнотежата, балансот и координацијата.

   Се користи за справување на лимфедемот по операции на карциномот на градата. Се среќава и необична публикација каде што КТ е употребен по лапароскопска операција на жолчката, за намалување на постоперативната болка.

   Значаен бил ефектот при акутни и хронични болни состојби на рамото во ревматологијата, како и при феморопателарна болка.

Литература

  1. Chou YHLi SHLiao SFTang HW.:Case Report: Manual Lymphatic Drainage and Kinesio Taping in the Secondary Malignant Breast Cancer-Related Lymphedema in an Arm With Arteriovenous (A-V) Fistula for Hemodialysis.Am J Hosp Palliat Care.2012 Aug 9.
  2. Lins CANeto FLAmorim ABMacedo LDBrasileiro JS. Kinesio Taping(®) does not alter neuromuscular performance of femoral quadriceps or lower limb function in healthy subjects: Randomized, blind, controlled, clinical trial.Man Ther.2012 Jul 13
  3. Fratocchi G,Di Mattia FRossi RMangone MSantilli VPaoloni M. Influence of Kinesio Taping applied over biceps brachii on isokinetic elbow peak torque. A placebo controlled study in a population of young healthy subjects. J Sci Med Sport. 2012 Jul 6.
  4. Krajczy MBogacz KLuniewski JSzczegielniak J. The influence of Kinesio Taping on the effects of physiotherapy in patients after laparoscopic cholecystectomy.2012;2012:948282. Epub 2012 May 3.
  5. Castro-Sánchez AM,Lara-Palomo ICMatarán-Peñarrocha GA, et al.: Kinesio Taping reduces disability and pain slightly in chronic non-specific low back pain: a randomised trial. J Physiother. 2012;58(2):89-95.
  6. Chang HY,Wang CHChou KYCheng SC. Could forearm kinesio taping improve strength, force sense, and pain in baseball pitchers with medial epicondylitis? Clin J Sport Med. 2012 Jul;22(4):327-33.
  7. Williams SWhatman CHume PASheerin K. Kinesio taping in treatment and prevention of sports injuries: a meta-analysis of the evidence for its effectiveness.Sports Med.2012 Feb 1;42(2):153-64. doi: 10.2165/11594960-000000000-00000.
  8. Kemler Evan de Port IBackx Fvan Dijk CN. A systematic review on the treatment of acute ankle sprain: brace versus other functional treatment types.Sports Med.2011 Mar 1;41(3):185-97. doi: 10.2165/11584370-000000000-00000.
  9. Bicici S,Karatas NBaltaci G. Effect of athletic taping and kinesiotaping® on measurements of functional performance in basketball players with chronic inversion ankle sprains. Int J Sports Phys Ther. 2012 Apr;7(2):154-66.
  10. Lee JH,Yoo WG. Treatment of chronic Achilles tendon pain byKinesio taping in an amateur badminton player.Phys Ther Sport. 2012 May;13(2):115-9. Epub 2011 Sep 15.
  11. Karatas N,Bicici S,Baltaci GCaner H. The effect of Kinesiotape application on functional performance in surgeons who have musculo-skeletal pain after performing surgery. Turk Neurosurg. 2012;22(1):83-9. doi: 10.5137/1019-5149.JTN.5377-11.1.
  12. Akbaş E,Atay AO,Yüksel I. The effects of additional kinesio taping over exercise in the treatment of patellofemoral pain syndrome. Acta Orthop Traumatol Turc. 2011;45(5):335-41. doi: 10.3944/AOTT.2011.2403.
  13. Hwang-Bo G,Lee JH. Effects ofkinesio taping in a physical therapist with acute low back pain due to patient handling: a case report.Int J Occup Med Environ Health. 2011 Sep;24(3):320-3. doi: 10.2478/s13382-011-0029-8. Epub 2011 Aug 16.
  14. Castro-Sánchez AM,Lara-Palomo IC,et al.: KinesioTaping reduces disability and pain slightly in chronic non-specific low back pain: a randomised trial. J Physiother. 2012;58(2):89-95.
  15. Cortesi M,Cattaneo D,Jonsdottir J. Effect of kinesio taping on standing balance in subjects with multiple sclerosis: A pilot study\m{1}. 2011;28(4):365-72.
  16. Porosińska A,Pierzchała K,Mentel MKarpe J. Evaluation of postural balance control in patients with multiple sclerosis – effect of different sensory conditions and arithmetic task execution. A pilot study. Neurol Neurochir Pol. 2010 Jan-Feb;44(1):35-42.
  17. .Paoloni M,Bernetti A,Fratocchi G,et al.: Kinesio Taping applied to lumbar muscles influences clinical and electromyographic characteristics in chronic low back pain patients. Eur J Phys Rehabil Med. 2011 Jun;47(2):237-44. Epub 2011 Mar 24.
  18. Şimşek TT,Türkücüoğlu B,Çokal NÜstünbaş GŞimşek İE. The effects of Kinesio® taping on sitting posture, functional independence and gross motor function in children with cerebral palsy. Disabil Rehabil. 2011;33(21-22):2058-63. Epub 2011 Mar 14.
  19. .Kalichman L,Vered E,Volchek L. Relieving symptoms of meralgia paresthetica using Kinesio taping: a pilot study.Arch Phys Med Rehabil. 2010 Jul;91(7):1137-9.
  20. Kaya EZinnuroglu MTugcu I. Kinesio taping compared to physical therapy modalities for the treatment of shoulder impingement syndrome.Clin Rheumatol.2011 Feb;30(2):201-7. Epub 2010 Apr 30.
  21. Popova Ramova, A. Poposka, M.Lazovic.: Evaluation of effects of two different physical therapy assesments guidelines by patients witrh acute ankle sprains. 6th International congress of EFOST,

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *