Обука за Ароматерапија

   Обуката за ароматерапија се изведува со сертифициран едукатор за ароматерапија, регистриран во светската асоцијација за ароматерапија и обуката има повеќе нивоа. Наменета е за медицинским лица доктори и медицински сестри и физиотерапевти со универзитетско ниво на едукација.

основа.

   Претставува уметност на апликација на есенцијални масла во лекувачки цели според индивидуалните особини на пациентот

  Секој од нас барем еднаш има помирисано трендафил, но нашето искуство не е само пријатен мирис, имено есенцијалното масло од трендафил има повеќе својства: антидепресивно, антисептично, спазмолитичко, антивирусно, седативно, астрингентно и тонизирачко за срцето. Ароматерапијата користи есенцијални масла за подобрување на мислата, физичкото и емоционалното здравје.

Историски преглед

Употребата на растенијата, аромите и природните состојки за лекување и подобрување на здравјето датира илјадници години наназад. Есенцијалните масла биле користени кај старите цивилизации во Египет, Кина, Средниот Исток, Индија и Грција.

   Грците и Римјаните ги користеле етеричните масла за масажа во јавни бањи. На Средниот Исток растенијата биле користени, пред се, поради нивното медицинско и терапевтско дејство. Маслата и ароматските лекови биле донесени во Европа од Средниот Исток од крстоносците, во 11 век.

aromaterapija1

    Ароматерапијата се развила во Европа во средниот век, како најприменуван природен начин на лекување. Во Азија, една од најстарите форми на индиската медицина познат како Ayurvedic, како основен принцип во третманот користела масажа со есенцијални масла.

    Таа не му била непозната на човекот, но не била применувана како терапија. Иако ароматизација на просторијата се користела како антисептик при заразни болести, балсамирање и во религиозни церемонии. Во Европа во Велика Британија, се спомнува во 13 век употребата на парфеми како лек и антисептик.

    Кон крајот на 1800 год. се појавуваат првите синтетски создадени ароматски супстанци (мирис на ванила, крушка, лимон и др.) и првата пишана ревизија и систематизација за се што припаѓа во ароматски супстанци. После ова најмногу ароматерапијата се развива во Франција, каде што и денес постои како индустрија за парфеми.

     Модерната употреба на ароматерапијата датира од 1920 год. кога францускиот хемичар Rene Maurice Gattefosse работејки во лабораторија се здобил со изгореници на рацете и рамената. Тој во недостаток на вода ги потопил рацете во најблиската течност, а тоа било масло од лаванда. Неговата кожа со изгореници не само што брзо зараснала туку немало и лузни. Ова го навело Рене да го проучи составот на маслото и да го предложи за третман во медицински намени. 

    За време на Втората светска војна, многу војници кои имале ампутации на нозете од гангрена. Нивните екстремитети биле лечени со масло од лаванда.

aromaterapija2

    По 1980 година во САД почнува да се развива мирисната медицина, се печатат првите прирачници за практична употреба и апликација на инхалациски супстанци и нивно дејство во домашни услови. Дваесет години подоцна ароматерапијата се потенцира при произвотство на креми, козметски препарати и сретства за хигиена, а кај луѓето се создава желба и навика за употреба во тераписки цели.

Филозовски пристап

  Посебен филозовски пристап нема, аромите можат да се регистрираат со сетилото за мирис, се памтат и даваат одредени експресии на чувствата кај луѓето. Се пријатни или се непријатни. Многу од ароматските материи може да бидат пријатни за сетилото за мирис но да се штетни за пооделни функции на органите во човечкото тело.

Есенцијални масла

  Есенцијалните масла во природата се екстракти од растенија со специфичен цикличен прстен по хемиски состав. Имаат специфичен мирис и се продукт на мали жлезди на растенијата од нивните листови, кората, цветовите од многу растенија и дрвја. Во природата тие се испуштаат пополека, но ако бидат триени или скршени, нивните жлезди отпуштаат појак мирис. Откако ќе се екстрахираат најчесто со дестилација, нивната концентрација се зголемува повеќе пати во споредба со концентрацијата во самото растение.

aromaterapija3

Дејство на есенцијалните масла на човечкиот организам

     Преку осетот за мирис, ароматската супстанца се внесува во мозокот за помалку од 2 секунди. Преку инхалација есен-цијалните масла брзо се внесуваат преку респираторниот систем.

   Обично се аплицираат со масажа, релаксирачка масажа околу зоните на стрес (грбот, рамената, лицето,нозете). Есенцијалните масла може да бидат и инхалирани со дишење, спалување или со бањи, да бидат аплицирани преку кожата со масажа. Ароматерапијата се верува дека може да биде погодна за луѓе од сите возрасти дури и бебиња.

Медицина базирана на докази

     Со пребарување на медицинските канали најдовме студии за ефектот на некои масла, така на пример маслото од роза, лаванда и некои лимони делува анксиолитички, го намалува стравот.

     Лимоновото масло делува антистресно. Кај деца со аутизам масажата со масло од лаванда го подобрува сонот. Употребени некои масла за аромамасажа покажале позитивен ефект врз имунитетот со подобрување на крвните елементи. Аромасасажата имала позитивен ефект врз намалување на стравот кај пациенти со хемиплегија, кај пациенти со страв и депресија. Ароматерапијата со лаванда во форма на масажа ја намалила болката кај пациентки кои имале царски рез.

Литература

  1. Setzer WN.Essential oils and anxiolytic aromatherapy. Nat Prod Commun. 2009 Sep;4(9):1305-16.
  2. Komiya M, Takeuchi T, Harada E.Lemon oil vapor causes an anti-stress effect via modulating the 5-HT and DA activities in mice. Behav Brain Res. 2006 Sep 25;172(2):240-9. Epub 2006 Jun 15.
  3. Williams TI.Evaluating effects of aromatherapy massage on sleep in children with autism: a pilot study. Evid Based Complement Alternat Med. 2006 Sep;3(3):373-7. Epub 2006 Apr 19.
  4. Kuriyama H, Watanabe S, Nakaya T,Immunological and Psychological Benefits of Aromatherapy Massage. 4. Evid Based Complement Alternat Med. 2005 Jun;2(2):179-184. Epub 2005 Apr 27.
  5. Hadfield N. The role of aromatherapy massage in reducing anxiety in patients with malignant brain tumors. Int J Palliat Nurs. 2001; 7(6)>279-85.
  6. Hongratanaworakit T.: Aroma-therapeutic effects of massage blended essential oils on humans. Nat Prod commun.2011; 6(8):1199-204.
  7. Hadi N, Hanid AA.: Lavender essence for post-cesarean pain. Pak J Biol Sci.2011; 1:14(11):664-7.
  8. Atabekoglu SC, Turkcuoglu I, Duru B, et al.: Closure vs non-closure of peritoneum at caesarean section: evaluation of pain. J Obstet Gynaecol.2011:31(4):307-10.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *